Запознајте го авторот

Сашка Андреевска е креативен уметник чии што дела се одликуваат со прецизност, колоритност и допадливост. Таа е родена на 23.04.1978 во Скопје и целокупниот свој живот  го има посветено на уметноста. По завршувањето на средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје своето образование го продолжува на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на Професорот Костадин Танчев -Динка на отсекот графика со графички дизајн во 2002 година. По завршувањето на факултетот работи како професор по ликовна уметност во средно училиште во Скопје. Изработува икони, карикатури, портрети и други мотиви по желба на клиентите, применувајќи разни ликовни техники.

.

Уметност е кога стоиме во место и едната рака ја испружиме кон универзумот, а другата кон земјата и притоа креираме канал за пренесување на творечката енергијата помеѓу овие два света.
Алберт Ајнштајн

Внесете ја убавината на уметноста во вашиот дом

Доколку ви е потребно изработка на портрети, карикатури, икони или други мотиви по желба, побарајте ме за да се договориме за деталите