Цртање портрети

При цртање на портрети користам моливи и го доловувам карактерот на личноста на хартија. Моите портрети се одликуваат со голема физичка сличност со личноста, а во нив настојувам да го доловам и расположението на моделот.

Цртање на карикатури

Моите карикатури претставуваат хумуристична слика на моделот што го цртам, при што неговите карактеристики се претставени на поедноставен или претеран начин преку скицирање, потези со молив или други уметнички техники. Обично карикатурите се со забавен карактер.

Изработка на икони

Иконите ги изработувам со темпера техника на дрвени површини. Најчесто изработувам икони со ликот на Исус, Богородица, Св. Никола, Св. Петка, Св.Архангел Михаил и други.

 

Часови по цртање и сликање

Успешно подготвувам и подучувам ученици за приемен испит за уметничко образование.

Внесете ја убавината на уметноста во вашиот дом

Доколку ви е потребно изработка на портрети, карикатури, икони или други мотиви по желба, побарајте ме за да се договориме за деталите